Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)
за приклучување кон презентацијата:
Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии
Профил: Телекомуникации и инфорамациско инженерство
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Дипломираните инженери можат да се вработуваат во земјата и странство во компании и институции кои развиваат и имплементираат ИКТ: телекомуникациски и мобилни оператори, софтверски компании, компании кои произведуваат телекомуникациска опрема, истражувачки лаборатории и врвни академски институции.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма се состои од јадро и два изборни модули. Заедничкото ИКТ јадро опфаќа основи на телекомуникации, дигитални телекомуникации, телекомуникациски мрежи, оптички мрежи, интернет технологии и бази на податоци. Првиот изборен модул се фокусира на ИКТ системи и мрежи: безжични комуникации и мрежи, мобилни системи, мрежно администрирање, напредни дигитални телекомуникации, телесообраќаен инженеринг, комутација и рутирање и развој на сервиси и апликации во телекомуникациите. Вториот изборен модул се фокусира на ИКТ сервиси и апликации: веб дизајн, веб апликации, апликации за мобилни уреди со андроид и iOS програмирање и веб сервиси со јава и PhP програмирање. Дополнително, студентите може да избираат предмети од области како што се: мултимедија, сигурносни комуникации, сателитски комуникации, интернет на нешта, дигитални валути.