Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)

 

за приклучување кон презентацијата:

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Компјутерско хардверско инженерство и електроника

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Инженерите од овој профил својата кариера ќе можат да ја изградат во компании кои дизајнираат комплетни решенија базирани на микропроцесорски системи (вградливи системи за аквизиција на податоци, мобилни уреди, микроконтролери за контрола и управување во индустријата, комуникациска опрема и друго), но и во секоја компанија во чија работа се користи компјутерска и друга електронска опрема.

Обра­зо­вни компетенции на профилот
Наставната програма КХИЕ претставува оптимален спој на електрониката и компјутерското инженерство. Комбинацијата на знаења и вештини од овие две дисциплини е основа за создавање на висококвалитетен кадар, способен да се справи со предизвикот наречен комплетно решение хардвер-софтвер. Знаењето од областа на архитектурите, алгоритмите и концептите на компјутереските системи, кои ги нуди компјутерско хардверското инженерство,споени со познавањата од електрониката (аналогниот дизајн, VLSI дизајн, PLD и FPGA компонентите, микроелектрониката) ќе му овозможат на инженерот дизајнот на продуктите да го изведува брзо, ефикасно и прецизно. Студентите на оваа програма ќе имаат можност, преку изборните предмети, да стекнат знаења и од областите дигитални сигнали, аудио, слика и видео, мултимедиски системи, биомедицинско инженерство, електромагнетика, електромагнетни бранови и антени и радиотехника.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде