Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

 

за приклучување кон презентацијата:

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Компјутерско системско инженерство, авто­ма­ти­ка и роботика

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Потребата од зголемено, ефикасно и квалитетно про­из­водство, како и подобрувањето на работните услови, на­лага примена на високо интегрирана авто­ма­ти­зација, како кај техничко-технолошките системи, така и во нетехничките системи, како што се еко-системите, еко­номските системи, медицината и други. Поради ова, подрачјето на работа за дипломираните инженери на оваа насока е извонредно широко и можностите за вра­ботување се големи. Тие можат да работат во ин­дус­тријата и јавниот сектор како: инженери за анализа, про­ектирање и ревизија на автоматизирани погони; во сто­пански организации за автоматско следење и прибирање на податоци, компјутерско водење, да­ле­чин­ско управување, менаџирање на технички и не­тех­нички системи; како експерти-програмери и хар­двер­ски и софтверски инженери; во академски институции, во истражувачки центри итн.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студентот на оваа студиска програма добива опсежни фун­да­ментални и практични знаења од сите дис­ци­плини од системското инженерство, автоматиката и роботиката кои имаат како инфраструктурно, така и интер­дисциплинарно значење. Стекнатите знаења и веш­тини се темелат на современи научни сознанија во облас­ти на автоматизацијата и роботиката, компјутер­ско-ин­формациските технологии, процесната инфор­матика, менаџментот, био-инженерството, кибер­не­ти­ката во медицината, мерно-процесната техника и друго.Користејќи ги здобиените знаења, инженерот на оваа студиска програма, ќе биде оспособен за креативно мислење, самостојна и тимска работа и за донесување одлуки на сите нивоа на одлучување.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде