Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)

 

за приклучување кон презентацијата:

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Компјутерски технологии и инженерство

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Студиската програма обезбедува здобивање на широки знаења и флексибилни можности за вра­бо­тување. Инженерски компјутерски кадар е потребен во ши­рок спектар индустрии што проектираат комп­ју­тер­ски системи базирани на нови технологии со примена во многу сфери. Дипломиран компјутерски инженер од овој профил, кариерата може да ја гради во индус­три­јата и јавниот сектор, секаде каде се проектираат, раз­ви­ваат и реализираат: компјутерски комуникациски сис­теми и услуги; комплексни дигитални системи; сов­ре­мени информациски системи; Интернет и мрежни сис­теми; анализа и развој на интелигентни мрежи. Стек­натите знаења на студентите се одлична основа за про­должување на студиите во институции и/или истра­жу­вачки центри ширум светот.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
На студиската програма студентите добиваат прак­тич­но и теоретско знаење во полето на компјутерските техно­логии и инженерството за: проектирање и ре­а­ли­за­ција на процесорски архитектури и процесори; мо­де­ли­рање, проектирање и реализација на вградливи ком­п­јутерски системи; информациони системи; мрежи и Интер­нет; проектирање, реализација и адми­нис­три­ра­ње Веб системи и сервери; алгоритми, структури и про­г­ра­мирање; бази на податоци; оперативни системи и изра­ботка на OС модули и компоненти; безбедност на ком­пјутерски системи; проектирање и реализација на интелигентни мрежи.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде