Електроенергетски системи (ЕЕС)

 

за приклучување кон презентацијата:

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Електроенергетски системи

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери имаат единствена можност да бидат дел од електростопанството, како една од најстабилните дејности, која во текот на повеќе де­це­нии вработува голем број инженери. Во оваа област им се нудат можности за успешна кариера и добро пла­те­на работа во преносни и дистрибутивни претпријатија, во трговијата и снабдувањето со електрична енергија, во јав­ниот сектор, како и во консултантски, проектантски и производни фирми. Ваквите кадри се сè повеќе ба­рани во нашата земја и во светот, каде нашата диплома ва­жи без никакви ограничувања.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
На студиската програма електроенергетски системи (ЕЕС) студентите се стекнуваат со практични знаења и веш­тини од областите: пренос, дистрибуција и снабдување со електрична енергија. Во текот на сту­ди­рањето се користат современи софтверски алатки за си­мулација и анализа на ЕЕС, како и за изучување на об­ластите планирање и управување на ЕЕС, пазари на електрична енергија, техника на висок напон, нисконапонски инсталации, осветление и ква­литет на електрична енергија. Истовремено, сту­ден­тите имаат можност да се запознаат со елементите на ЕЕС и низ практични лабораториски вежби во лабо­ра­то­риите на Факултетот. Оваа прогама на идните ин­же­не­ри им овозможува да се стекнат и со теориски и со прак­тични знаења и на тој начин, да се оспособат за ре­ша­вање на најразлични технички проблеми со кои ќе се соочат во текот на нивната кариера.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде