Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)

 

за приклучување кон презентацијата:

Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии

Обра­зо­вен степен (дип­ло­ма)
Дип­ло­ми­ран инженер по електротехника и информациски технологии

Про­фил: Електроенергетика, управување и менаџмент

Иден­ти­фи­ка­ци­ја на по­тре­би­те и мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње
Дипломираните инженери од оваа студиска програма мо­жaт да креирааат сопствен бизнис или да се вработат во некоја од компаниите кои се занимаваат со: произ­вод­ство на електрична енергија од класични или обнов­ли­ви извори; трговија, пренос и дистрибуција на елек­трич­на енергија; менаџмент, проектирање, заштита, авто­матизација и управување на електро­енергетски обј­екти; консултантски услуги по проектен менаџмент, студии и техничко-економски анализи, eнергетска ефи­кас­ност и околина и сл.

Обра­зов­ни ком­пе­тен­ции на профилот
Студиската програма ЕЕУМ ги следи потребите на ком­па­ниите од електро-енергетскиот сектор за креирање сов­ремено образуван инженер кој ќе има стручни поз­на­вања од областа на електроенергетиката, информа­цис­ко-комуникациските технологии, како и способност и знаење за менаџирање на сложени технички проекти во новата пазарно ориентирана околина.
Во рамките на студиската програма студентите изучу­ва­ат технологии за производство на електрична енергија од класични и обновливи извори; постројки и управу­вач­ки системи во електроенергетските системи; методи за планирање, проектирање и градба на електро­енер­гет­ски објекти; современи софтверски алатки за ана­ли­за и решавање на инженерски проблеми, методи за раци­онално користење на електричната енергија, како и менаџерски вештини и техники на проектниот мена­џмент.

 

Повеќе информации за студиската програма може да најдете овде