Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)
за приклучување кон презентацијата:
Вид на програмата
Студиска програма од прв циклус студии
Образовен степен (диплома)
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии
Профил: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија
Идентификација на потребите и можностите за вработување
Дипломираните инженери од овој профил се оспособени за работа во сите индустриски гранки, електростопанството (централи и дистрибуција), средни и мали претпријатија, проектантски фирми и претставништва, како и во истражувачки и развојни институти и образовни институции.
Образовни компетенции на профилот
Студиската програма обезбедува образование на високостручен инженерски кадар компетентен и оспособен за истражување, проектирање, развој и работа во постројките за електромеханичко и електротермиско претворање на електричната енергија во процесот на производство, пренос, дистрибуција и искористување. Студиската програма ги негува и развива научните и стручни области од доменот на автоматизација на енергетските процеси, регулацијата на современите електромоторни погони, енергетската ефикасност и безбеднo, доверливo и рационално искористување на енергијата во индустријата, јавната потрошувачка, деловните објекти и домаќинствата како и експлоатацијата на обновливите извори на енергија и примената на паметните мрежи и системи. Студентите кои ќе ги завршат студиите на оваа студиска програма ќе стекнат вештини и компетенции за компјутерско проектирање, моделирање и анализа на електроенергетските уреди со помош на современи софтверски алатки. Практичните знаења и вештини студентите на Факултетот ќе ги стекнат преку практичната работа во лабораториите опремени со најсовремена компјутеризирана мерна опрема.